HomeАктуелноАрсовска поднесе иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

Арсовска поднесе иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска поднесе иницијатива за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти таа на социјалната мрежа Фејсбук, иницијативата е доставена до Советот на Градот, а според истата таа иницијатива, споменикот ќе биде поставен на нова локација, на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“, североисточно од кружниот тек.

Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство. Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана, вели Арсовска.

Според неа, ова е уште еден начин за да ја исправиме неправдата и кон оние кои ги дале своите животи за независна и суверена Република Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.