HomeАктуелноБанкротираше фирмата која требаше да произведува електрични автомобили во Тетово

Банкротираше фирмата која требаше да произведува електрични автомобили во Тетово

Германската компанија за производство на електрични автомобили„Некст.е.ГО. Мобиле“ (Next.e.GO Mobile SE – „e.GO“), која требаше да гради фабрика и во индустриската зона во Тетово, поднесе барање за стечај во Окружниот суд во Ахен (Германија) со што во неизвесна положба стави 32о вработени. Компанијата ги откажа и двете инвестиции на Балканот, во земјава и во Бугарија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.

Ова е второ барање за стечај на компанијата. Првото беше поднесено во 2020 година.

Оваа компанија требаше да инвестира и во тетовската индустриска зона која требаше да биде готова годинава, но минатата недела Дирeкецијата на ТИРЗ соопшти дека го раскинала договорот со инвеститорот и ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.