HomeАктуелноБез возачка и под дејство на алкохол: 34 приведени возачи за три дена

Без возачка и под дејство на алкохол: 34 приведени возачи за три дена

Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 34 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 23 од приведените управувале возило без возачка дозвола, деветмина биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, додека едно лице било фатено како вози без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

По целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР повторно апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без возачка дозвола или доколку им е изречена забрана за управување, како и никогаш да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол, нагласувајќи дека одговорното однесување е клучно за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.