HomeАктуелноБРАВО МАКЕДОНИЈА: Македонија со водство од пет гола го порази Катар – втора победа за нашата репрезентација

БРАВО МАКЕДОНИЈА: Македонија со водство од пет гола го порази Катар – втора победа за нашата репрезентација

Македонија ја забележа втората победа на СП 2025 откако нашите ракометари попладнево во одличен натпревар славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат. По одличните игри со Унгарија и со Австрија во кои освоивме само по еден бод, овојпат македонските ракометари заслужено се враќаат со цел плен, како уште една потврда за растот на оваа репрезентација од година година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Првиот напад го реализиравме со велемајсторски погодок на Марко Митев. Следеше украдена топка и лесна реализација од контранапад на Петар Атанасијевиќ, за наше прво водство од 2-1. „Црвено-жолтите“ делуваа во контрола на почетокот, поведувајќи со два гола предност (3-1, 4-2, 5-3). Кизиќ во 6. минута ја забележа и втората одбрана, а Лазаревски со својот втор гол на мечот донесе и прва позитива од „плус три“ (6-3). Катарците се приближија по исклучувањето на Лазаревски, потоа стигнаа и до израмнување од 9-9, по што следеше нова серија на Македонија што почна со гол на Костески.

Во серија голови влезе и капитенот Кузмановски, па предноста од минута во минута се зголемуваше, преку Костески стигнавме со 17-13, а потоа со голот на Џонов и до 19-14. Митев донесе најубедливи за нас 20-14, но Катар се разбуди пред крајот на полувремето и на одмор се замина со наше водство од 21-17. Вториот дел го отворивме со мајсторски гол од крило на Костески, трет за брзоногиот ракометар кој маестрално го надмудри противничкиот голман. Неочекувано влеговме во серија промашени шутеви и грешлки, а Катар го искористи тоа за да дојде до „минус три“ (22-19).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.