HomeАктуелноБраво момци ГРК Охрид се пласира во европските купови

Браво момци ГРК Охрид се пласира во европските купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпреварот од 12 коло од плеј-офот. На две кола до крајот на првенството „Гладијаторите“ на четвртото место имаат недостижна предност од 7 бода во однос на петтопласираниот Тиквеш.
Пласманот во Европа ракометарите на Охрид го прославија со верните „Рибари“, а првите честитки по мечот пристигнаа од градоначалникот Кирил Пецаков, кој е еден од најголемите поддржувачи на клубот.
Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Бркиќ, Ојлески 3, Андоновски, Мацуока 2, Јукиќ 2, Стоилевски, Дрогришки 1, Тасески 3, Шафранко 4, Куковски, Крстевски, Шешиќ, Орјоникидзе 6, Бојаниќ 1, Цирар 7.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.