HomeАктуелноБратот на Мартин пристигна во Грција и се вклучи во потрагата | ВИДЕО

Братот на Мартин пристигна во Грција и се вклучи во потрагата | ВИДЕО

Спасувачка служба ОФКАТХ и денеска ја продолжи потрагата по Мартин Јовановски кој пред седум дена заедно со двајца другари беше повлечен од морските струи кај плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На Фејсбук објавија известување за потрагата со видео на кое се гледа братот на Мартин, Горан. Како што беше и најавено, тој веќе е пристигнат во Грција од САД и активно е вклучен во потрагата на својот брат.

-Потрагата продолжува седми ден по воден и воздушен пат за лоцирање на исчезнатиот Мартин. Втор ден полета авион од солунски аероклуб кој трага на плажите Катерини и Лариса. Во потрагата од денеска учествува и неговиот брат кој утринава дојде од Америка, а попладне ги чекаме и доброволците од Скопје кои ќе помогнат. Борбата продолжува, напишаа од ОФКАТХ.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.