HomeАктуелноВелгоштанец заработи кривична пријава, вршел превоз на патници без лиценца

Велгоштанец заработи кривична пријава, вршел превоз на патници без лиценца

При контрола извршена на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран” врши нелегален транспорт на патници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б, 51-годишен жител на охридското село Велгошти, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.

При контрола извршена на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран” со охридски регистарски ознаки, врши нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај и нема лиценца согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.