Вечер за паметење! Жељко Самарџиќ вчеравечер одржа извонреден концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Концертот почна со настапот на Жаре Бербер и неговиот бенд.
Изведувајќи ги „Елено ќерко“ и „Бисер Балкански“, миленикот на македонската публика пред публиката призна дека секојдневно зборува по малку македонски и на сите свои концерти изведува по некоја песна од Тоше Проески.
На секој концерт пеам по една песна за Тоше. Тоше, ако нè гледаш, ова е за тебе, рече Самарџиќ.
Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото.
Во нив вчера уживаше македонската публика, сите оние кои беа во „Борис Трајковски“ танцуваа и пееја во еден глас.

Пред крајот, македонската публика ja изненади и со микс од македонски песни, па испеа и делови од: „Како што е оваа чаша полна со вино“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Македонско девојче“.
