Во тема на денот за инервју на Сител ТВ гостуваше претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
На новинарско прашање кој е неговиот совет до премиерот Димитар Ковачевски, доколку тоа го побара тој тој истакна дека тој не може да го советува Ковачевски, но, може да му порача на обичниот народ.
Јас не можам да го советувам Ковачевски, јас можам само да му кажам на обичниот народ бидејќи кога давате совети тоа може на пријателски начин да се разговара со некој…јас само би им рекол на луѓето со помалку емоции да му пристапуваат на тоа.
Не е крај на светот ни едното, ни другото.
Но, добро е да се пресмета што е најдобро. Јас мислам дека можете и да заклучите што мислам а не сакав до крај да кажам, што мислам дека е подобро. Но тоа е тактички потег. Немој да мислите дела со тоа нешто многу сте добиле или дека Бог знае што сте изгубиле. Тоа ќе продолжи, тоа е тежок процес но во тој процес треба да се прескокне една пречка.
Но, тоа сега ако прекрасни вести, ќе се случи..Па нема прекрасни вести, нема.
Не заборавајте нам ни одзедоа значаен дел од територијата на земјата, вам тоа се уште не ви го направиле.
Целото интевју може да го погледнете на следниот ЛИНК
извор: Сител Телевизија, Тема на денот.
