Од денеска во етерот е пуштено новото видео на ДНК за темата „Чаршија“
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринесе даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.
