HomeАктуелно(ВИДЕО) Пукотница во супермаркет во САД, тројца убиени

(ВИДЕО) Пукотница во супермаркет во САД, тројца убиени

Супермаркет се претвори во сцена на крвопролевање откако вооружен маж со пушка АР-15 отворил оган, убивајќи две лица, а рани уште едно, соопшти полицијата.

Пукотницата почнала нешто по 19 часот по локално време во трговскиот центар во Бенд, Орегон, изјави началникот на полицијата Мајк Кранц.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето за кое се претпоставува дека пукало било пронајдено мртво на местото на настанот. Полицијата пронашла пушка АР-15 блиску до телото на тоа лице, рече Кранц.

Мотивот за нападот останува нејасен. Нападот следи по низата други престрелки во самопослуга низ САД во изминатата година и во услови на севкупен пораст на инциденти со „активен стрелец“, според извештајот на ФБИ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.