Горд на својата ќерка, никогаш не бил посреќен.
Овој викенд беа празниците Лазарова сабота и Цветници, а Јордан Митев по тој повод и ги изненади своите фанови.
Имено, познатиот фолк-пејач сподели видео направено во неговиот дом во кое се гледа како девојчиња облечени во традиционални македонски носии ја држат неговата ќеркичка Кристина и пеат празнични песни.
Познато е дека Јордан е голем верник, а сега покажа и дека ги почитува старите македонски традиционални обичаи.
