HomeАктуелноВлада: Сите вработени луѓе во Кочани утре да бидат ослободени од работа

Влада: Сите вработени луѓе во Кочани утре да бидат ослободени од работа

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани утре, кога ќе се изврши погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница.

МВР е задолжено да преземе безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите е изготвен посебен протокол и тие ќе бидат во заеднички простор, оддалечени 300 метри од капелата, за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.