HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Жал ни е што АА не ја препозна можноста за делегитимирање на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Жал ни е што АА не ја препозна можноста за делегитимирање на ДУИ

Одлуката на Алијансата за Албанците да ја прекине соработката со ВМРО-ДПМНЕ е донесена под вештачкиот притисок, сметаат од опозициската жАпартија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во изјава за Дојче веле, од партијата на Мицкоски порачуваат сите што ќе наседнат на владиниот театар, влегуваат во играта на детронизираната власт.

„Тоа е одлука која е донесена под вештачкиот притисок и лажниот театар на меѓуетнички тензии кој го најави власта на СДСМ и ДУИ, а зад кој стои единствено желбата за зачувување на привилегиите на власта, тендерите и асимилацијата која ја спроведува Владата“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите тие што ќе наседнат на тој театар, е одлична можност да влезат во играта на власта која во моментот е детронизирана, сериозно разнишана и без кредибилитет да носи одлуки. Жал ни е што Алијанса не ја препознава можноста да се делегитимираат до крај криминалните политики на ДУИ, туку се уфрла во нивното сценарио за оддржување на власт. И во тој контекст Алијанса на Албанците треба да одлучи што е поважно – дали да се смени оваа власт која носи лош живот и за Албанците, како и за Македонците, или пак ќе продолжи децениското поигрување на ДУИ со Албанците и нивната лажна националистичка игра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.