HomeАктуелноВо април во Охрид издадени 6 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Во април во Охрид издадени 6 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Во месец април во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објави Државниот завод за статистика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив 3 се на физички лица и исто толку на деловни субјекти. Предвидена е градба на 70 станови со вкупна корисна површина од 4.516 м².

За разлика од Охрид, во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во април годинава издадени се 257 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 136 се наменети за објекти од високоградба, 56 за објекти од нискоградба и 65 за објекти за реконструкција. Од вкупно 257 објекти, на 121 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 710 станови, со вкупна корисна површина од 55.611 м².

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.