HomeАктуелноВозач удрил во пешак, па побегнал од местото на несреќата

Возач удрил во пешак, па побегнал од местото на несреќата

Возачот најпрво удрил во семафор, а потоа во 52-годишниот пешак. Откако удрил во него, избегал од местото на несреќата

Педесет и двегодишен маж од Скопје е повреден откако во сообраќајна несреќа доцна синоќа во него удрило возило „волво“. Несреќата се случила околу 23:30 часот на крстосницата од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Њуделхиска“ во скопско Тафталиџе.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Возачот најпрво удрил во семафор, а потоа во пешакот. Откако удрил во него, избегал од местото на несреќата.

Пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.