HomeАктуелноВозачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.  

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.