HomeАктуелноВремена измена на сообраќајот на секцијата Песочани-Требеништа

Времена измена на сообраќајот на секцијата Песочани-Требеништа

На секција Песочани-Требеништа на км.0+000-км.2+300 и на км.9+000- км.9+940, почнувајќи од 12 октомври ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот со воведување на две девијации, информираат од „Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје, со седиште во село Извор, Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација, велат во соопштението.

Апелираат за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.