Променливо облачно со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. УВ=5
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд.
Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Од петок следува период на стабилно и потопло време со слаб до умерен североисточен ветер.
