HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола, 0 во Струмица и Крива Паланка, 1 во Прилеп и Попова Шапка, 2 во Штип, 3 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, Лазарополе и Куманово, 4 во Тетово, 5 во Велес, Маврови Анови и Крушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, 7 во Охрид и Претор, 8 во Демир Капија, Гевгелија и Дебар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 34 санитиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.

За денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо и со ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови, каде ќе има услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне магливо и претежно тивко. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.