HomeАктуелноДелови од Македонија без струја и вода – Еве што велат надлежните!

Делови од Македонија без струја и вода – Еве што велат надлежните!

Снежните врнежи предизвикаа прекин во снабдувањето на населението со електрична енергија во с.Опеница и околината поради дефект на далековод.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот, соопшти Центарот за управување со кризи-ЦУК.

Поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување во Охрид  се улиците: Петар Поп Арсов, дел од Бул.Туристичка и Стив Наумов.

ЦУК – Охрид, известува дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци во Охридскиот регион се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.

Забрана за движење на ТТВ има на патните правци : Струга – Ќафасан , Маврово – Дебар – Струга, Пресека, Стража – Кичево и М.Брод -Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЦУК.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.