Денес православните верници го празнуваат Преподобен Јоаким Осоговски, еден од големите духовни симболи на македонската земја. Тој живеел како пустиножител во 11 век на Осоговските Планини, во пештерата Сарандопор, а по неговото упокоение неговиот гроб станал место на молитва и бројни чуда.
Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ денес е значаен духовен и историски споменик на Македонската Црква и сведоштво за вековната вера на народот.
Според народното предание, Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Јован Рилски и Прохор Пчински биле соподвижници и духовни браќа. Иако тоа не е историски потврдено, тие се сметаат за духовни браќа затоа што заедно му служеле на Бога и се прославени во Неговото Царство.
