HomeАктуелноДонесена мисирка и поставена гилотина на денешните протести | ФОТО

Донесена мисирка и поставена гилотина на денешните протести | ФОТО

Демонстрантите на денешниот, десетти по ред, протест против францускиот предлог донесоа мисирка врзана на автомобил пред коец поставија и гилотина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пред тоа, демонстрантите изведоа и перформанс пред МНР со истакнато пано на кое пишуваше „предавници“ и на кое се гледаат ликовите на премиерот Ковачевски и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Пред паното на биро тројца луѓе со маски со ликовите на премиерот и министрите го потпишуваа „францускиот предлог“. Потоа тие ги тргнаа маските и се појавија маските со бугарското знаме.

Од пред Владата, тие се упатија кон зградата на Министерството за надворешни работи, а оттаму пред Собрание.

Утре протестот ќе се одржи во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.