HomeАктуелноДржавното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов“ започнува со имплементација на два нови Еразмус + проекти

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов“ започнува со имплементација на два нови Еразмус + проекти

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов” Скопје, Македонија започнува со имплементација на два нови Еразмус + проекти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Проектот ,, Користење на гејмификација за учење на англиски јазик на ученици со попреченост,, со проектен број 2022-1-LV01-KA220-SCH-000087585.

Целта на проектот е да се развијат нови иновативни дигитални алатки за учење англиски јазик на учениците со попреченост. Примарниот фокус на проектот е на „Дигиталната трансформација“. Новата дигитална ера бара развој на модерни и креативни методи за учење приспособени за сите групи на ученици. Преку проектот ќе се развие платформа за учење на англиски јазик преку гејмификација  која би била достапна за сите ученици вклучувајќи и ученците со попреченост.

Учениците во училница по англиски јазик, исто така, би можеле да имаат корист од развојот и имплементацијата на мобилен телефон апликација која ќе се развие преку оваа проектна апликација. Платформата ќе ја користат и наставници, родители и специјални едукатори, како и самите ученици.

Наставниците можат да ја користат оваа платформа за гејмификација и преку неа  да ги мотивираат своите ученици и да ги научат англиски јазик.

Проектот ,, Учење за живот на лица со оштетен вид преку 3 Д принт,, со проектен број 2023-1-MK01-KA122-SCH-000135045.

Преку овој проект 6 наставници од Државното училиште за деца и малдинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов, Скопје, Македонија ќе присуствуваат на тренинг курс во Кипар со цел да научат како се користи 3 Д принтер и како се креираат 3Д- тактилни објекти. Тактилитет е најважен за учениците со оштетен вид и преку изработка на овие објекти ќе им се олесни процесот на едукација и осознавање на околината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.