HomeАктуелноЕмотивно простување: Спасен Силјаноски за Влатко Стефаноски – „Изгубивме еден од нас“

Емотивно простување: Спасен Силјаноски за Влатко Стефаноски – „Изгубивме еден од нас“

Влатко Стефаноски (1976-2026). Со тивка болка и длабока почит, Кичево се простува од човекот кој зад себе остави трага што не бледнее, роден на 25 мај 1976 година, со срце врзано за град Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За многумина беше пријател, соборец, визионер. За градот урбана легенда.

Кичево и кичевчани со тага и неверување се простуваат од Влатко Стефаноски, познат музичар и препознатливо име во нашите кулоари.

Зад себе остави белег меѓу љубителите на музиката во Кичево и пошироко. Неговото прерано заминување предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од пријатели, колеги, сограѓани и познаници.

Се  огласи и Македонскиот музичар Спасен Силјаноски само што се огласи преку социјалните мрежи и се опрости од познатиот музичар Влатко Стефаноски.

-Изгубивме човек, брат, другар и колега, без кого тешко можевме да го замислиме денот. Човек кој беше поим за другарство, за човечност и за искреност. Човек чие присуство се чувствуваше, а чие отсуство од денес ќе се чувствува уште повеќе.

Останува празнина што тешко се опишува со зборови, но и спомен на едно големо пријателство и на човек кој остави трага кај сите што го познаваа.

Изгубивме многу повеќе од другар. Изгубивме еден од нас.

Вечен спомен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.