HomeАктуелноЗагина мотоциклист на патот Битола-Ресен

Загина мотоциклист на патот Битола-Ресен

Четириесетгодишен мотоциклист од Куманово вчера загинал на патот Битола – Ресен откако со својот мотор излетал од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР  Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерстовто за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.