Министерството за внатрешни работи информира дека на 09.06.2022 во периодот од 16.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 10 возачи кои извршиле неправилно престигнување.
Контролирани биле и 46 автобуси кои вршат јавен превоз на патници и кај 2 автобуси во Струга биле констатирани неисправности на уредот за запирање и ќе бидат соодветно санкционирани, додаваат од МВР.
