HomeАктуелноЗемјотрес во Турција, почувствуван и во Грција

Земјотрес во Турција, почувствуван и во Грција

Утрово, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во Турција е регистриран земјотрес кој се почувствувал низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово во 10:38 часот по локално време ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Епицентарот на земјотресот бил во морето на 192 километри од Измир, третиот најголем град во Турција. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.