На 31.01.2023 во СВР Битола, С.А.(72) од Битола пријавил дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола бил каснат од куче скитник.
Истиот ден на 31.01.2023 во СВР Битола, Б.М.(62) од с.Крклино пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник. – информираат од МВР.
МВР билтенот е само еден од доказите дека секојдневното напаѓање на кучиња скитници на наши сограѓани и понатаму продолжуваат, по случајот во Струга која ја потресе македонската јавност чести напади има и во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Битола.
По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?
