HomeАктуелноИзмама во Охрид, жена пријавила дека е измамена од едно лице за сума од 300.000 денари

Измама во Охрид, жена пријавила дека е измамена од едно лице за сума од 300.000 денари

На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите. Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.