Со финален натпревар исполнет со неизвесност и голема борба заврши четвртото издание на хуманитарниот футсал турнир „Ohrid Freed“ (Ослободен Охрид), кој традиционално се организира во чест на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Во натпреварот за третото место, АСП ПАК славеше против Скопска Пивара Охрид со 5:4.
Во големото финале се сретнаа Гостилница кај Мече и Инекс Олгица Хотел и СПА. По регуларниот дел резултатот беше 0:0, а во продолжението Инекс Олгица Хотел и СПА постигна два гола за конечни 0:2 и ја освои шампионската титула.
Конечен пласман
🥇 Инекс Олгица Хотел и СПА
🥈 Гостилница кај Мече
🥉 АСП ПАК

Турнирот и оваа година понуди многу возбудливи натпревари, спортски дух и одлична атмосфера, а учесниците придонесоа уште едно издание на „Ohrid Freed“ да помине во знакот на спортот, дружењето и хуманоста.
Честитки до победниците и до сите екипи кои беа дел од турнирот!


