HomeАктуелноИнформација по трагедијата што ја погоди Вевчани, за сите оние кои сакаат денес да го посетат Вевчани

Информација по трагедијата што ја погоди Вевчани, за сите оние кои сакаат денес да го посетат Вевчани

Информација околу дефилето.
ℹ️ Дефилето со маските ќа се одержит во исто време како секоја година.
ℹ️ Имат промена на рутата во која се движет василичарите. Ќа се заобиколит церквата Св.Спас Долни (василичарите ќа поминет од задната стерна)
ℹ️ Музика ќа имат, ама со намален интензитет.
ℹ️ Оро немат да се играт.
ℹ️ Ќа имат минутно молчење во центарот на Вевчани во чест на починатото дете.
ℹ️ Рестораните и кафиќите ќа работет денеска, живата музика е откажана.
ℹ️ Чекаме официјална информацја околу вечерните концерти, најверојатно ќа се откажани.
Споделете да знет сите домашни и гости кој денеска се Вевчани!
Инаку, оваа информација доаѓа по трагична вест која го потресе Вевчани утрово, во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.