HomeАктуелноИПА Охрид домаќин на 50-тина моторциклисти од Србија, Хрватска и Македонија

ИПА Охрид домаќин на 50-тина моторциклисти од Србија, Хрватска и Македонија

50-тина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, утре напладне доаѓаат во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие, кај Подмољје ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка” и „Македонски просветители” до градското пристаниште.

Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во Македонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие денеска пристигнаа во Скопје каде, утре ќе го одржат мото дефилето по што, утре наутро, преку Тетово, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид.

Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости  и локалитети на градот. Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, го продолжуваат кон Битола и Прилеп, вели м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид.

 

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.