HomeАктуелноИПА Охрид пред градоначалникот Пецаков ја реафирмира идејата за изградба на модерна велосипедска патека до Струга

ИПА Охрид пред градоначалникот Пецаков ја реафирмира идејата за изградба на модерна велосипедска патека до Струга

На средба со градоначалникот Кирил Пецаков, одржана викендов, претставниците на Интернационалната полициска асоцијација – ИПА регион Охрид, Стефан Димоски и генералниот секретар Игор Смилески, уште еднаш ја реафирмирале идејата за изградба на современа, модерна и безбедна вело-патека помеѓу Охрид и Струга, иницирана од членови на оваа организација пред седум години.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Во таа насока, поканувајќи го да биде учесник, градоначалникот Пецаков беше информиран дека во почетокот на мај, членови на ИПА Охрид и Струга како и граѓани-вело вљубеници, со велосипеди, по седми пат, ќе ја возат релацијата Охрид-Струга-Радожда. Беше побарана поддршка зошто, вело патека помеѓу Охрид и Струга не е желба само на ИПА членовите туку и на армија граѓани од Охрид, Струга и цела Македонија но и на илјадниците туристи кои го посетуваат охридско-струшкото крајбрежје. – вели Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид.

Градоначалникот бил запознаен и со активностите и идните планови на ИПА Охрид. Во знак на благодарност за поддршката, од име на организацијата,  претседателот Димоски на градоначалникот му врачил Златна плакета за посебен придонес во развојот на ИПА Охрид.

На средбата, како што се истакнува во соопштението, било заклучено дека меѓународната ИПА полициската соработка, претставува можност за афирмација на Охрид а посебно на професионален план, значи чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашата средина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.