HomeАктуелноКазнети 56 угостители за непочитување на Законот за заштита од пушење

Казнети 56 угостители за непочитување на Законот за заштита од пушење

Од 10 до 14 јануари пазарните инспектори извршиле 200 инспекциски надзори, а издадоа 56 прекрошни налози за непочитување на Законот за заштита од пушење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Казните за овие прекшоци, пушење во затворени простории во угостителски објекти, се од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.
Казна е предвидена и за гостинот кој пушел во затворена просторија во некој ресторан или кафуле – од 100 до 300 евра во денрска противвредност.

Државниот пазарен инспекторат како и досега така и отсега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби. Напомнуваме дека казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршување на овој Закон да го искористат своето законско право поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат“, вели директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски.

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продолжат со контролите на цела територија на државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.