Општина Охрид планира да отвори Дневен центар за пензионери на имот кој ќе го добие од должник преку купопродажба во извршна постапка. Оправданието за носење на оваа одлука е тоа што фирмата која е сопственик на имотот е платежно неспособена, нема од каде да се наплати долгот, нема пари на сметка и единствен имот со кој располага е токму деловниот објект, вели секретарот на Општина Охрид, Алекснадар Китески.
Досега немало ваков случај во државава. Се консултиравме со Државен завод за ревизија и во Министерство за локална самоуправа и согласно закон не можевмe да најдеме основ, единствен законски основ за стекнување имот на ваков начин е Законот за извршување, посочи Китески.
Појасни дека Општината од фирмата од Струга има основно побарување од 3 872 750 денари, а купопродажната цена е 4 760 100 ден.
Она што ние, пред да се пребиеме со побарувањето што го имаме по однос на оваа купопродажна цена мора да го исплатиме е износот према Халкбанка кој исто е доверител према овој должник и е пред нас за намирување. Износот према Халкбанка е хипотека од 2 097 397 ден и тоа е износот што треба да го платиме. Доколку на тој износ се додаде и адвокатски и извршни трошоци треба Општина Охрид да исплати 2 443 251 денари, додаде Китески.
Остатокот до купопродажбната цена во износ од околу 2 ,6 мил денари, рече Китески, ќе се пребие од побарувањето кое го има општината кон должникот. Со тоа општината се стекнува со имот кој во извршната постапка е проценет на 7 милиони денари, а за кој ќе плати само 2, 4 милиони.
