HomeАктуелноКонечно падна договор, приватните превозници и Град Скопје се договорија

Конечно падна договор, приватните превозници и Град Скопје се договорија

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој потенцита дека повеќе детали ќе објавува на денешната прес-конференцијата.

Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници  го блокираа главниот град. Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.