HomeАктуелноЛевица предлага државата да отпишува до 100.000 евра од станбен кредит за секое родено или посвоено дете

Левица предлага државата да отпишува до 100.000 евра од станбен кредит за секое родено или посвоено дете

Левица поднесе два предлог-закони до Собранието со кои бара законска заштита на работниците за време на боледување и финансиска поддршка за младите семејства при решавањето на станбеното прашање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еден од предлозите предвидува државата да отпишува 20 проценти од првично одобрената главнина на станбениот кредит за прв дом за секое родено или посвоено дете, со вкупна поддршка до 100.000 евра.

Од партијата велат дека со оваа мерка сакаат да им помогнат на младите семејства полесно да дојдат до сопствен дом и да се намали економската неизвесност со која се соочуваат при планирањето на семејството.

Од Левица посочуваат дека демографската криза не може да се решава само со повици до младите да имаат повеќе деца, туку се потребни конкретни економски мерки и подобри услови за живот.

Во образложението се наведува дека во првата половина од 2026 година, во 65 од вкупно 80 општини бил регистриран негативен природен прираст, односно бројот на починати бил поголем од бројот на новородени за вкупно 2.967 лица.

Вториот предлог-закон се однесува на заштитата на работниците кои користат боледување. Левица предлага седумте дена боледување што може самостојно да ги одобри матичниот лекар да бидат законски заштитени и да не можат да се скратуваат со подзаконски акти.

Дополнително, партијата бара изрично да се забранат теренските проверки во домовите на работниците кои користат боледување, оценувајќи дека здравствената состојба треба да биде медицинско, а не безбедносно прашање.

Од Левица апелираат до парламентарното мнозинство да ги разгледа предлозите и да овозможи суштинска собраниска дебата за двете иницијативи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.