HomeАктуелноЛице со турско државјанство приведено за криумчарење на осум мигранти, од кои шест биле малолетни

Лице со турско државјанство приведено за криумчарење на осум мигранти, од кои шест биле малолетни

На 06.12.2024 околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија – Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Ч.(36) од Република Турција. При преглед во патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира МВР, М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.