На 09.04.2023 во 01.00 часот во близина на угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Р.(24) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
