HomeАктуелноМАКЕДОНСКО СРЦЕ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА: Васил Ангелов донесе злато од Киргистан и ја направи Македонија горда

МАКЕДОНСКО СРЦЕ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА: Васил Ангелов донесе злато од Киргистан и ја направи Македонија горда

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КИРГИСТАН: Васил Ангелов освои прво место на „Echo of Nomads“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Македонскиот музичар Васил Ангелов освои прво место на интернационалниот музички натпревар „Echo of Nomads“, кој се одржа во Чолпон-Ата, Киргистан, како дел од културната програма на шестите Светски номадски игри.

Во силна конкуренција од 21 изведувач од 20 земји од светот, Ангелов успеа да го освои највисокото признание од жирито и парична награда од 6.000 долари, претставувајќи ја Македонија на најдобар можен начин.

„Со огромна чест ја претставував Македонија на овој престижен фестивал. Конкуренцијата беше навистина голема, затоа ова прво место за мене има уште поголемо значење. Особена одговорност ми беше тоа што ја претставував нашата земја“, изјави Ангелов по победата.

Тој посочи дека најголема радост му причиниле честитките и интересот од учесниците и посетителите од различни земји, кои по настапот сакале да дознаат повеќе за Македонија и нејзината музичка традиција.

Натпреварот „Echo of Nomads“ е посветен на музичкото наследство на различни народи, претставено преку современи интерпретации, а учесниците се натпреваруваат во категориите „Ethno-Hit“ и „World Hit“.

„И покрај резултатот, за мене сите учесници сме победници – секој со својата музика, глас и приказна. Благодарам од срце на сите кои ме поддржувавте, гласавте, споделувавте и бевте со мене во текот на целиот фестивал“, порача Ангелов.

Овој успех претставува уште едно значајно меѓународно признание за македонската музика и за младите македонски уметници на светската сцена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.