Претседателот на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија денес и утре во посета на Охрид.
Вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, носителката на ИЕ 5 Весна Бендевска и кандидатите за пратеници од ИЕ 5 ќе се приклучат на тимовите од ОО Охрид во посета на неколку згради и улици во акцијата „од врата на врата“.
Меѓудругото, предвидена е посета на дел од проектот Охрид Го, Средба во Касарна хаб, Центар за старт ап Бизниси и иновации, простор за дигитални номади.
Вечера во 21 часот во просториите на ОИШ во Охрид, претседателот на ЗНАМ и кандидатите за пратеници ќе остварат средба со стопанственици и група на граѓани на Охрид, велат од партијата.


Утре (29.04.2024) предвидена е прошетка и непосредна средба со граѓани на кејот на Охридското Езеро, непосредни средби со граѓани по Охридската чаршија, средба со дуќанџии и посета на Старата чаршија.
Во 11:30 часот на Градскиот пазар ќе биде поставен штанд на Движењето ЗНАМ.
