Синоќа во Куманово одржавме голем народен собир на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ја промовиравме програмата за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“! – напиша кандидатот за претседател од ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Движењето започна од Куманово и се шири низ цела Македонија! Македонија се буди! Вечерва сум пресреќен што оваа енергија ја пренесуваме и се чувствува низ цела Македонија! Сигурни сме затоа што ве имаме сите вас заедно тука, еден до еден, а не има во огромен број и низ цела Македонија. Допрва ќе се крене и повторно гордо ќе се вее македонското знаме и македонскиот народ, рамо до рамо со сите свои братски народи, граѓани на Република Македонија! Власта се има откажано од се што е свето за Македонија. И ако им дозволиме ќе продолжат да го прават тоа. Ние од ЗНАМ, тоа никогаш нема да им го дозволиме! Заокружи 7 за наша Македонија! – стои во објавата на facebook


