HomeАктуелноМалолетници прават пустош низ Скопје, со петарди оштетиле возило во Центар

Малолетници прават пустош низ Скопје, со петарди оштетиле возило во Центар

Група малолетници оштетиле возило во Центар откако пред неколку дена фрлиле пиротехнички средства врз него.  Според информациите, возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се работи на расчистување на настанот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Неодамна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски преку објава на социјалните мрежи, повика на итна интервенција од МВР повторен вандализам во населбата Капиштец. Станува збор за чест проблем кој, според жителите на Капиштец, го загрозува јавниот ред и безбедноста во оваа населба. Градоначалникот истакнува дека ваквите инциденти мора да бидат решени и одговорните да се соочат со соодветни мерки.

И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.