Мартовската пензија најверојатно ќе порасне за нови 2.500 денари, со што ќе се комплетира најавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ од минатите избори за 5.000 денари покачување на пензиите по линеарен модел.
Да потсетиме дека и минатиот септември пензијата се покачи за истата сума.
Законските измени веќе се пратени во Собрание и наскоро ќе бидат изгласани.
А од следниот септември најверојатно пензиите ќе се зголемуваат системски, како што и беше претходно.
