HomeАктуелноМилион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро

Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро

Владата на Кралството Шпанија даде техничка помош со грант од приближно еден милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани, се наведува во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.