HomeАктуелноМинусни температури на целата територија на државава

Минусни температури на целата територија на државава

Минусни температури утрово се забележани во целата држава. Насјтудено е во Берово -11 Берово, скопски Петровец и Маврово -9, Битола -8, Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија и Струмица -7, Скопје, Охрид, Дебар и Попова Шапка -5, во Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија -4 и во Дојран -2 Дојран.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

УХМР соопшти дека најмногу снег има во Маврови Анови 10 сантиметри, на Попова Шапка четири, а во Крушево три сантиметри.

Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и студено. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.