HomeАктуелноМицкоски: Лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис

Мицкоски: Лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мицкоски презентираше извештај од Фондот за здравствено осигурување кој извршил вонредна финансиска контрола на јавните набавки на Министерството за здравство за периодот од 1 август 2021 година до 1 август 2023 година и на Клиниката за онкологија за периодот од декември 2022 до март 2023 година.

Извештајот, како што истакна Мицкоски, покажува дека лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите што им се даваат на пациентите кои лежат на Клиниката и се давале лекови на пациенти кои требало да ги примат на друга клиника, а за тоа нема никаква потврда дали тие лекови ги примил пациентот.

Сите документи, како што најави, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а од Анкетната комисија во Собранието бараат да го прошири опфатот и со овој период од извештајот.

– Станува збор за организирана мафија која, за жал, се уште оперира, мафија која на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачки не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува на грбот на другиот. Мора да има одговорност. Бараме Анкетната комисија во Собранието да се пришири и да биде опфатен и овој период од извештајот.. Сите наши сознанија Ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, рече Мицкоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.