HomeАктуелноМицкоски: Ова е прва Влада што вложува директно во општините

Мицкоски: Ова е прва Влада што вложува директно во општините

Ние сме првата Влада која директно вложува во општините за граѓаните повеќе од 300 милиони евра, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека. Тоа е факт, а се останато се конструкции и невистини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во изјавата, Мицкоски нагласи дека јавниот и државниот долг прв пат е редуциран за неколку проценти во изминатата декада. “Јавниот и државниот долг прв пат е намален за неколку проценти во последните десет години”, рече тој.

Тој исто така истакна дека „Тоа е факт и ќе продолжиме и понатаму да го намалуваме”. Премиерот дополни дека дефицитот во буџетот за тековната година се очекува да биде под четири проценти од БДП, а идната година да се спушти под три проценти.

Тоа се макроекономските параметри по кои ММФ, Светска банка и кредитните агенции не оценуваат, заклучи премиерот Мицкоски за време на неговата денешна посета на Општина Петровец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.