HomeАктуелноМладите од Охрид во тага и неверување заедно со своите професори се собраа на марш и собир на кој им одадоа почит на загинатите во големата несреќа во Кочани

Младите од Охрид во тага и неверување заедно со своите професори се собраа на марш и собир на кој им одадоа почит на загинатите во големата несреќа во Кочани

Ученици од четирите охридски средношколски центри, заедно со нивните професори, денеска се собраа на марш и собир на кој им одадоа почит на загинатите во големата несреќа во Кочани. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што и беше најавено, тие се собраа во дворовите на училиштата, од каде се упатија кон Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде палеа свеќи, положува цвеќе пред параклисот и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија. Самиот марш и собир е иницијатива на Сојузот на средношколци на Република Македонија, што беше прифатена од сите средношколски установи од Охрид и мина според најавеното, без какви било пораки и официјални изјави.

Младите од Охрид самокритични, посведочија дека и како малолетни одат во дискотеките, дека најчесто успеваат на некаков начин да го поминат обезбедувањето и да влезат во клубовите. Она што најмногу им пречи, барем според нивните зборови, е тоа што честопати има инциденти во дискотеките и ноќните клубови, за кои потоа ништо не се зборува во јавноста, како тоа намерно да се заташкува.

Велат дека несреќата во Кочани во која животот го загубија 59 млади лица, голем дел од нив нивни врсници, ќе ги натера да подразмислат малку повеќе за сопствената безбедност, каде излегуваат и повеќе да ги имаат предвид безбедносните препораки и законските одредби.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.